Храната во Македонија е најевтина во цела Европа

 

Македонија ја има најевтината храна во Европа.

Ова го покажуваат последните податоци на Еуростат.

Агенцијата Еуростат направи споредба на цените на храната и пијалаците во Европа. Најевтина храна има во Македонија, во Полска, Романија, Албанија, Србија и Бугарија. Од друга страна, најскапа е храната во Швајцарија, Норвешка, Данска, Исланд и Шведска.

Во Романија се најевтини лебот и житариците, а во Албанија месото. Евтина риба има во Бугарија, а во Полска евтини се млечните производи. Бугарија исто така има евтини цигари и пијалоци.

Сепак, ако се споредат приходите на земјите, нашата земја е на дното во регионот.

 
31.01.2017 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега