Утре прекин на сообраќајот - еве каде нема да се вози

 

Минирање на автопатот Кичево - Охрид на делот Подвис - Пресека ќе се изврши утре од 13 до 15 часот, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево.

Повикувајќи се на добиени известувања, РЦУК Кичево соопшти дека минирањето ќе го врши фирмата „Мактек“, а патот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од 15 до 20 минути.

Делови од кичевско утре ќе останат и без електрична енергија од 9 до 10:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците од селата од Рбетинска Река, како и селата Челопеци, Атишта и Лисичани. 

 
 
02.02.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега