Ставрески најавува влез на пет нови странски инвестиции
Mинистерoт за финансии Зоран Ставрески во изјава за МТВ најави пет нови странски инвестиции во Македонија.
-Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот, истакна вчера Ставрески за МТВ.
Ставрески за МТВ откри дека двете турски компании кои се од медицинската област, ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, а американската компанија ќе инвестира во Кочани.
Министерот најави странски инвестиции и во Охрид, Струга, Тетово и Кичево, истакнувајќи дека тоа се добри вести бидејќи инвестициите ќе донесат нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.
Според податоците на Народната банка, салдото на странски директни нвестиции изнесува 105,4 милиони евра за првите пет месеци од годината.