Попоски: Дачиќ знаеше во која држава дошол

 

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ знаеше дека дошол во Република Македонија, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање дали Дачиќ кој присуствуваше на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан во Скопје, знае во која држава дошол.

 

-Добрa вест е тоа што не е единствениот од Србија кој знае дека доаѓа во Република Македонија. Јас ќе ги поканам сите други наши пријатели од Србија да дојдат и да ја посетат Република Македонија бидејќи има многу што да видат прекрасно, рече Попоски.

Прашан дали добил објаснување од Дачиќ за неговата изјава дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име и оти во понатамошните мултилатерални односи треба да користи ПЈРМ, Попски рече дека српскиот министер му одгворил „не различно од она што јавно ко кажа“.

-Ние имаме разбирање за тоа дека е исклучително чувствително прашањето околу членството на Косово во УНЕСКО, но одлучени сме да одиме по патот на регионална соработка, да наоѓаме решенија за сите тие прашања во регионален домен и конечно колку добар ќе биде имиџот за нас и во колку добар регион ќе живееме зависи од секој од нас. Верувам дека секој од нас ќе седне и ќе преиспита кои се чекорите кои не водат кон подобар регион кои би го идентификувале како дел од Европа по природен начин. Во спротивно ќе придонесеме за сите оние кои посакуваат многу подоцна или никогаш да не можеме да влеземе во ЕУ. Наша должност е да се бориме против тоа, изјави Попоски на прес-конфренцијата по Министерскиот состанок на земјите од Зпаден Балкан што се одржа денеска во македонското МНР.

 
 
09.02.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега