Возачи, задолжитено прочитајте ја оваа вест

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа  влажни коловози. Слаби врнежи снег се бележат во Маврово и на планинскиот превој Стража, а на патниот правец Лисец - Попова Шапка - Лисец поради магла видливоста е намалена на 40 - 50 метри.

Според ЈП Македонија пат, во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 
 
09.02.2017 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега