Сведок откри шокантни детали за пукањето во Дива населба
Во големата сала на Врховниот Суд во Скопје денеска се продолжи судскиот процес за терористичкиот напад во кумановската Дива Населба.
Денеска беа сослушани последните двајца сведоци предложени од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Исказот на сведокот Шабан Јашари денеска во Врховниот суд го прочита јавниот обвинител. Јашари не присуствуваше на рочиштето затоа што, според кажувањата на неговата сопруга, бил во странство. Неговиот исказ предизвика контроверзии и ова е првпат некој од сведоците да каже дека видел дел од обвинетите на 9 мај во Дива населба, и тоа во друштво на лица што носеле униформи на УЧК, пренесува Телеграф.мк
Јашари во исказот рекол дека го слушал командант Соколи како давал наредби надвор и дека бил со уште двајца луѓе. Му тропнале на вратата и побарале кафе. Откако го испиле кафето, Соколи и другите двајца си заминале. Соколи подоцна во текот на судењето рече дека тоа не било првпат да пие кафе со Јашари.
За повеќе информации за судењето „ Диво насеље“ прочитајте ТУКА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа