ЛУДО ТЕСТО: Може со денови да седи во фрижидер и пак да биде меко - иделано за кифли

 

Ова тесто може да се користи за разни јадења, а може и долго да стои во фрижидер и да се користи. Едноставно, пркатично и најдобро од се е што е вкусно и меко. 

Состојки: 

- околу 1 кг брашно

-500 мл млако млеко

- 200 мл јогурт

- 2 јајца

- 2 лажички сол

- 1 лажичка шеќер

-1 коцка квасец

Подготовка: 

Посипете еден килограм брашно и направете дупка. Во дупката ќе ставите малку млако млеко и ставете го квасецот и посипете шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете квасецот да нарасне. Додадете ги и останатите состојки и измесете меко тесто.По потреба додадете уште малку брашно се додека тестоте престане да се лепи за раце. Прекирјте го тестото со крпа и оставете го убаво да порасне. Од ова тесто можете да направите погачи, кифли, пица... што и да посакате. 

 

 

 

 

 

13.02.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега