Јанева денеска ќе одговара пред Советот на јавни обвинтиели за случајот Пуч
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвиниели ќе одговара на прашањата на Советот зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“.
Претседателот на Советот Петар Аневски за потврди дека Јанева е повикана по нивно барање да ги образложи причините зошто се откажа од обвинението за „Пуч“.
СЈО го повлече обвинението во јануари, а две недели подоцна Советот ги побара списите за овој предмет, во кој меѓу обвинетите беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
14.02.2017 - 10:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа