ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за квалитетот на воздухот

 

СДСМ да знаеше како да се справува со загадувањето тоа ќе го направеше со Куманово каде 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица. Токму овие градови се едни од најзагадените во Македонија. Во Куманово на пример, СДСМ систематски кумуваше на сообраќајниот и урбанистички хаос и депониите кои секој ден се појавуваа среде град кои придонесуваат за загаденоста. Како што гледаме СДСМ и локалната власт во овој град не мрднаа со мал прст, затоа што не знаат и немаат конкретни решенија и мерки.

 СДСМ денес лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери.

 

Проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мноштво мерки кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, а камо ли на централно ниво.

 

 

 

14.02.2017 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега