Бејли за Сител: УСАИД не работи за да ја урне владата во Македонија
Американскиот амбасадор Џес Бејли во ексклузивно интервју за Сител вели дека одговорил на прашањата кои до него и до амбасадата на САД ги испрати конгресменот Крис Смит со уште петмина конгресмени како и сенаторот Мајк Ли во врска со обвинувањата за мешање на амбасадата во изборите во Македонија преку поддршка за ултра-левичарски организации, медиуми и интернет портали.
Видете, надзорот на Конгресот врз извршната власт е нормален дел од нашата демократија и ние ја цениме можноста да соработуваме со Конгресот и да им кажеме што правиме и да им го објасниме контекстот зошто тоа го правиме. Во одговорот, ние ја појаснивме нашата улога која граѓаните тука многу добро ја знаат, за Пржинскиот договор, за соработката со Европската Унија, помошта во седнувањето на партиите на заедничка маса, доаѓањето до изборите кои ги имавте на 11 декември а сега во процесот на формирање влада. Ние ги соопштивме сите тие работи, соопштивме како нашата помош функционира во земјата, дека поддржуваме изградба на институциите во здрава демократија, тоа вклучува учество на граѓаните во нивната работа,како и на медиумите. Го соопштивме сето тоа во нашиот одговор. Веројатно ќе прашате зошто не го објавиме одговорот? Постои едноставен одговор. Стејт Департментот не ги објавува јавно своите кореспонденции со Конгресот. Понекогаш Конгресот ги објавува, како што сенаторот Ли на пример го има објавено писмото на неговата веб страна. Значи можеби тоа ќе биде објавено, но во него нема ништо особено ново или изненадувачко освен детали занашите програми и грантови., вели Бејли за Сител.
Амбасадорот го коментира и таканаречениот процес на де-соросоизација кој со манифест го најави ВМРО-ДПМНЕ по изборите. Бејли тврди дека УСАИД не работи против владата.
- Дека УСАИД работи за уривање на владата едноставно не е точно.Дозволете ми да ви кажам што ние поддржуваме преку своите грантови на пример за фондацијата "Отворено општество". Тие менаџираа со грант за "Граѓанско учество". Што тоа значи? Значи жените во Тетово да работат заедно кон подобрување на родовата еднаквост во нивната средина, во нивната општина. Граѓанско учество значи и младината во Велес или Делчево да работи за подобрување и разубавување на својата средина Значи и жителите на Битола да ги постават прашањата за животната средина и загадувањето на воздухот. Тоа го подразбираме под "граѓанско учество". И на тоа се однесува грантот на УСАИД. Грантовите не се за поддршка на некоја идеологија или политичка партија, или било што слично. Се работи за создавање услови за активна и здрава демократија, вели Бејли во интервјуто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа