Законот за Албански јазик помина во ДУИ

Централното претседателство на ДУИ синоќа го разгледуваше предлогот на СДСМ од кој ќе зависи дали ќе има договор кој би можел да значи прв чекор за нивна коалиција и формирање влада. 

Централното претседателство на ДУИ му даде мандат на лидерот на партијата во секој момент да му ги даде потребните потписи на Зоран Заев за да го земе мандатот за формирање на влада. Како што објавува „ТВ 24“, членовите на ДУИ  по неколку часовна дебата дале поддршка за законот за Албанскиот јазик, но тимот на СДСМ треба да ги допрецизира незавршените делови.

Состанокот на Централното претседателство продолжува в петок, не се знае кога ќе биде донесена конечната одлука.

 

 

 

23.02.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега