Стојаноски: Македонија и нејзините граѓани плаќаат огромна цена за деструктивното однесување на СДСМ
СДСМ веќе две ипол години преку вештачки креирана криза пробува да ја заобиколи волјата на народот за да дојде на власт. СДСМ функционира според нивнито деструктивно мото „колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
Во продолжените го пренесуваме целиот текст интегрално:
Македонија и нејзините граѓани плаќаат огромна цена за ваквото штетно и деструктивно однесување на СДСМ.
Мнозинството граѓаните на последните парламентарни избори ја дадоа поддршката за програмата „Реално“ и мерките и проектите содржани во неа но, и покрај тоа СДСМ го попречува реализирањето на овие проекти од кои директна корист ќе имаат граѓаните.
Дел од тие проекти кој не може да започнат со реализација е и проектот „Од град во село за нов почеток“.
Целта на овој проект е да се обезбедат услови и мерки преку кои ќе се стимулира враќањето на животот во селата и унапредување на социо-економските услови за живот во руралните средини во државата.
Право на користење на поддршката од овој проект ќе имаат лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село или таквите кои не го задржале имотот, како и невработени лица од град или пак вработени, но со многу ниски примања.
Преку овој проект се предвдува голем број на бенефиции за граѓаните како што се: субвенционирање на трошокот за купување, реновирање или градба на куќа до најмногу 6.000 евра, доделување на еднократна месечна парична помош во висина од 15.000 денари месечно во тек од 18 месеци или вкупно 270 илјади денари, можност за користење на поддршката за 60% државно кофинансирање на различни типови на земјоделски инвестиции, како механизација, опрема, трактори и слично, 80% државно кофинансирање за инсталирање на системи за наводнување „капка по капка“, бесплатно користење на државно земјоделско земјиште до 3 хектари и уште многу други поволности за лицата кои ќе се одлучат да се вратат на село.
Овој проект претставува одлична можност за оние кои се невработени, а живеат во град, преку својот труд, со исклучителна поддршка од државата да дојдат до свој дом, своја работа и свој бизнис.
Ова престаавува вистинска грижа за граѓаните и развојот на државата.
Покрај сите опструкции од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи континуирано да работи во интерес на граѓаните, да спроведува мерки и проекти со кои ќе им се подобри животот на сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа