Средба Ахмети-Данкан: Не се исклучува можноста ДУИ да остане во опозиција

Во Британската резиденција во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан и британскиот амбасадор Чарлс Гарет кои се во посета на Македонија.
Данкан ја изрази поддшката на Велика Британија за една стабилна и напредна Македонија и истакна дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на локалните политички партии.
Лидерот Ахмети изрази голема благодарност за улогата на Велика Британија во земјата и во регионот нагласувајќи ја 16-годишната соработка со официјален Лондон и говореше за улогата и големиот придонес на армијата и британските власти за мирот и стабилноста во земјата. Ахмети нагласи дека изборите во земјата беа демократски и веродостојни, така што произведоа тесен и многу предизвикувачки резултат за политичките партии.
Лидерот на ДУИ истакна дека заокружувањето на Охридскиот Договор, владеењето на правото како и Евро-атланската интеграција се предуслов за стабилноста и безбедноста во земјата и побара поддршка од Лондон за членство на Македонија во НАТО.
Ахмети истакна дека во донесувањето на својата одлука ќе ја зема предвид волјата на гласачите на ДУИ, Албанците, но и очекувањата на граѓаните и нашите меѓународни пријатели.
Земјата се наоѓа пред многу предизвици и ДУИ ќе игра конструктивна улога.
Ахмети го запозна Министерот Данкан дека во денешниот состанок на Централното претседателство на ДУИ ќе се разговара за можностите и опциите на ДУИ имајќи во предвид изборниот резултат, вклучувајќи ја и можноста ДУИ да остане во опозиција.
24.02.2017 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа