Османи: Членовите на ДУИ сметаат дека е подобро да останеме во опозиција (ВИДЕО)

Денеска се одржа редовна средба на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица.

Бујар Османи во изјава за медиумите рече дека дебатирале и разговарале по однос на аргументите за понатамошни чекори и одлуки што треба да ги донесе партијата на Ахмети.

Османи потсети дека на претходната седница на партијата е усогласен Законот за јазикот, критериум, услов или Закон кој што ги надминува билатералните односи помеѓу две партии односно ги надминува заедничките определби за взаемно коалицирање.

„Тоа беше услов без кој не се може понатаму во разговорите за било која опција и откако се утврди текстот на тој закон остануваат два инструмента за реализација на тој Закон.

Едното е преку учество и партиципирање во владина коалиција, другото е преку поддршка на малцинска влада останувајќи во опозиција и давајќи поддршка на една таква влада.

Меѓутоа во секој случај цело време со услов усвојување на Законот за јазици“, рече Османи.

Предноста што членовите на претседателството ја гледаат во останување во опозиција е во фактот да се овозможи секој кој што имал сомнежи во работата на ДУИ сите овие години да може тоа да го направи без да биде попречен од учеството на ДУИ.

Постојат и други аргументи за тоа и се дебатира во претседателството.

Османи истакна и дека оваа дебата најверојатно и во следните денови ќе продолжи .

 

 

 

24.02.2017 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега