Груби: Дадените потписи се само формалност
Потписите дадени од ДУИ се само формалност, а содржината е поважна, вели шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби во статус на Фејсбук.
„За нас, отсекогаш по значајна беше содржината а не формата.
Содржината ги подразбира сите Албански барања и достигнувања, додека формата претставува давање на потписи или и учество во влада.
По постигнувањето на целосно и безусловно исполнување на нашиот предлог закон за Албански јазик како и сите елементи од заедничката Албанска Декларација, потписите се само формалност.
Значајно за нас е да ги исполниме барањата и очекувањата на Албанците, додека учеството во Влада или поддржување малцинска влада ќе се разледува дополнително затоа што првенствено и најбитно за нас беше да се постигнат албанските барања како апсолутен предуслов“, напиша Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа