Јавна расправа за законите за медиуми
Во рамки на процесот за јавни консултации за нацрт-работните верзии на законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за информатичко општество и администрација, денеска организира јавна расправа на која ќе бидат разгледани забелешките и предлозите по нацрт-текстовите.
На расправата ќе учествуваат експерти на ОБСЕ, Советот на Европа и TAIEX мисијата кои работеа на предлог измените на законите, како и сите заинтересирани субјекти кои се дел од медиумската област.