Тешка кражба во Штип

Вчера во секторот за внатрешни работи во Штип било пријавено дека во периодот од 24 до 26.02.2017 година во Штип на улица „Широк Дол“, во станот на 47- годишниот Д.М. непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот се качил на гаражата, која е прилепена до зградата, насилно го отворил прозорот од кујната, влегол внатре, извршил пребарување и одзел еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9мм, телевизор и разновидна бижутерија.

Од станот сторителот се упатил во подрумската просторија, во која насилно ја отворил на влезната врата, извршил пребарување и одзел разновиден алат, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

27.02.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега