Стиснал на гас и ја пробил полициската блокада - филмска бркотница во Македонија

 

Во 4 часот и 50 минути на улицата 8 Септември во Битола, полицајци дале наредба за запирање на возило  „Даеву Експеро“, но лицето кое го управувало стиснало на гас и продолжило да вози на патот Битола-Прилеп. Полицијата денеска информира дека била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со Ново Лагово, прилепско, но возилото ја пробило блокадата  на полицијата и влегло во Прилеп, ја поминало пругата, влегло во нива и застанало.

Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат. Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне. При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од полицијата Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

27.02.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега