Штипјанка излегла да прошета - ја искасало куче

Седумдесетгодишна штипјанка во Полициската станица во Штип пријавила дека на улицата „Сремски фронт“ била нападната од куче.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека настанот се случил за време на викендот, а жената од страна на кучето била касната во пределот на ногата, по што неговиот сопственик го спречил да не продолжи да ја каса и да не и направи поголеми повреди.

Ваквите случаи се третираат како прекршок за сопствениците на кучињата, кои можат да заработат и казна, односно глоба од 100 до 400 евра.

Портаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека за неполни два месеци во Клиничката болница лекарска помош побарале десетмина пациенти од источниот и југоисточниот регион, кои биле каснати од кучиња.

 

 

 

27.02.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега