Приватизиран дел од државната лотарија на Грција
Вчера соседна Грција ја спроведе својата прва голема приватизација со продажба на дел од државната лотарија на грчко-чешки инвестициски конзорциум.
Со договорот, Грција ќе добие околу 652 милиони евра од конзорциумот Ема Делта за продажбата на околу 33 проценти од акциите од државната компанија, пренесува ДПА.
- Ова е силна порака до меѓународната заедница дека Атина е решена и има способност да ја спроведе приватизацијата, изјави вчера грчкиот министер за финансии, Стурнарас.
09:33