Одложено судењето за убиството на малиот Алмир во Куманово

Денеска требаше да се одржи рочиште на кое на обвинителна клупа требаше да седне 30-годишниот кумановчанец Бобан Илиќ, осомничен за убиството на четиригодишното детенце Алмир Алиу. 

Рочиштето беше одложено бидејќи вештаците што го изготвиле невропсихијатриското вештачење за осомничениот не можеле да пристигнат денеска во судот., па затоа наместо денеска, тоа ќе се одржи на 24 март.

Инаку, на минатото рочиште мајката на малиот Алмир побара затворска казна за кумановчанецот. Според неа, кобната ноќ отишле во болница за Алмир да прими инјекција. Во чекалницата пуштиле друг пациент да влезе пред нив, на што изреагирал осомничениот Бобан, кој почнал да им вика, нејзе и на нејзиниот сопруг, зашто пуштаат луѓе преку ред и почнал да ги навредува, а кога излегле, со сопругот и детето тргнале кон возилото, кон нив наишол автомобил со голема брзина и ги удрил.

Претходно, осомничениот изјави во судницата дека не чувствува вина. 

 

 

 

28.02.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега