Скопјанец го стартувал возилото па се случил хаос

Во 20 часот синоќа било пријавено во полиција дека на булеварот Крсте Мисирков во Скопје се запалиле три возила. Полицијата информира дека едното од нив е Фолксваген Пасат со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.Ш. од Скопје, потоа „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки сопственост на 40-годишниот скопјанец Б.Е. и „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, на 41-годишниот  М.Н. од Скопје.

Имено, 44-годишниот М.Ш.  од Скопје кога го стартувал возилото „Фолксваген Пасат“  кое е на неговиот брат,  од предниот дел на возилото избил оган, при што возилото целосно изгорело, зафаќајќи ги другите две возила.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.02.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега