Филмска кражба: Дадилка и електричар олесниле скопјанец за 25.000 евра

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани поради основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.

Осомничен е 44-годишниот С.С. кој работејќи како електричар од домот каде бил ангажиран во неколку наврати украл предмети во вкупна вредност од околу 25 илјади евра. Во неколку наврати во периодот од мај до ноември минатата година одзел два златни прстени со дијаманти, тенџериња „цептер“ и околу 20 илјади евра.

За разбојништво осомничена е и 51-годишната Ж.Ч, која во истиот дом работела како дадилка, а украла околу 60 илјади денари. Кражбата ја извршила на 13 јули минатата година

 

 

 

28.02.2017 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега