Храбра продавачка избрка разбојник со нож во Охрид

Храбра продавачка избрка разбојник кој и влегол со нож во продавницата во која работи во Охрид. Полицијата информира дека е поднесена кривична против 23-годишниот Д.Т. од Охрид кој околу 11.35 часот влегол во маркет на улицата „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет.

Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал. 

 

 

 

28.02.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега