Манојлоски до Ременски: Зарем во вас нема ништо македонско?
Почитувана поранешна техничка министерка Ременски! Ако сте толку очајни за власт, еве ви ја нудиме нашата поддршка,бидете на власт, но немојте да удирате по темелите на нашата држава, напиша на својот Фејсбук статус пратеникот Горан Манојлоски.
„Откажете се од албанската платформа, запрете ги антидржавните и антинационалните проекти. За оваа држава паднале многу жртви во минатото, многу луѓе и семејства се саможртвувале и ги изгубиле своите животи, за денеска ние да имаме своја држава, свое знаеме, своја химна и СВОЈ ЈАЗИК. Еден од тие борци и херои е токму и Ченто. Нема да ви дозволиме да ги погазите овие луѓе, тоа да ви биде јасно !Очајни сте, исфрустрирани сте и полни со омраза. Зарем во вас нема ништо македонско, зарем до толку не си ја сакате државата, до каде ќе одите нели е веќе доста ? Ќе дојде момент кога ќе немате веќе што да се распродавате за да дојдете на власт, ќе изгубиме се, ќе ја изгубиме државата !Барем еднаш ставете ги државните пред партиските интереси!“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа