Меѓуетнички тензии: Двајца малолетници вечерва претепани во центарот на Скопје
Две малолетни момчиња се претепани од група за која МВР тврди дека е од албанска националност во центарот на Скопје.
"Околу 19,15 ч. на бул К.Ј.Питу, на автобуската станица пред Народна Банка дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи на младинци од Македонска и Албанска националност, при што повреден е Ф.П (16) од с.Бразда. Истиот со Брза помош е пренесен во болница со повреди во пределот на главата. Покрај него донесено е и уште едно 17 годишно лице од Сопиште со слични повреди. Известени се сите потребни служби во врска со нарушувањето." велат извори од МВР за Press24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа