Синот на градоначалникот на Чучер Сандево прободен со нож

Синот на Градоначалникот на Чучер Сандево, Јован Пејковски, со повреди од нож синоќа бил пренесен на скопските Клиники, пренесе Плусинфо. Се работи за 16-годишниот Ф.П. кој веднаш бил пренесен во болница.

Според информациите, во 19 часот и 15 минути избила тепачка на автобуската постојка кај Народната Банка, помеѓу две групи на младинци  од Македонска и Албанска националност.

Покрај синот на градоначалникот, во тепачката бил повреден и 17-годишен малолетник од Сопиште.

 

 

 

 

01.03.2017 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега