Блокиран патот Битола-Прилеп за поддршка на унитарноста на Македонија

Околу 13 часот патот Битола-Прилеп беше блокиран во знак на поддршка за унитарноста на Македонија, јави телевизијата Тера.

Трактори, камиони и други моторни возила кај клучката кај Кукуречани на излезот од Битола го блокираа патот. Како што јави телевизијата, за време на блокадата се пееле патриотски песни, развиорени биле знамиња за одбрана на унитарноста на Македонија.

 

blokada pat1

blokada pat 2

 

 

 

01.03.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега