За интервју Меланија Трамп бара 250.000 долари

Пред речиси два месеци Си-Ен-Ен преку издавачот на книги на Меланија Трамп побарале интервју со поранешната прва дама на Америка по повод објавувањето на нејзините мемоари, во кои таа зборува за многу теми за кои досега не зборувала

Откако размениле неколку мејлови за можно интервју, издавачот минатата недела испратил необично барање на CNN - интервјуто би чинело 250 илјади долари (нешто помалку од 227 илјади евра).

На својата официјална веб-страница, Си-Ен-Ен објави документ испратен до нив од издавачот Skyhorse Publishing, со наслов „Договор за доверливост“. Во него се наведени строги услови за интервјуто и користење на материјал од мемоарите, кои ќе бидат пуштени во продажба на 8 октомври. Дополнително, во договорот стои дека „CNN ќе плати 250 илјади долари“.

Си-Ен-Ен одбиле да го потпишат тој договор и решиле транспарентно да им го покажат на милиони луѓе ширум светот. Но, тогаш започнува пресврт. Неколку дена подоцна, откако друг репортер на Си-Ен-Ен испратил барање до издавачката куќа Skyhorse за превисоката цена за интервјуто, издавачот рекол дека барањето за плаќање било испратено - по грешка.

„Ниту Меланија, ниту некој од нејзиниот тим не знаеше ништо за договорот за необјавување, а документот што беше испратен одразува внатрешна погрешна комуникација за спецификите на интервјуто“, изјавил за Си-Ен-Ен, Тони Лајонс, извршен директор на издавачката куќа Skyhorse.

04.10.2024 - 22:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега