Иванов: Додека сум Претседател нема да дадам мандат за рушење на Македонија

Претседателот на државата Ѓорге Иванов при денешното обраќање до граѓаните, рече дека во согласност со Уставот на Македонија и поради сопствената совест, нема да даде мандат на секој оној кој го руши суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија.

- Нема да определам мандат на оној кој преговара за платформа на туѓи држави, со која се руши унитарноста на Македонија. Туѓи пралтформи нема да бидат основа за формирање на влада, затоа што ние немаме резервна држава. Граѓани, сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни. Се додека јас сум претседател, немам да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на суверенитетот и територијалниот интегритет. Никој со тоа не смее да тргува. Од тоа не мислам да отстапам – рече Иванов.

 

 

 

01.03.2017 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега