Лукаревска: Нема никаков бенефит од задолжувањето од Унгарија

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема економски план, задолжувањето од Унгарија не носи економски бенефит, за граѓаните само го зголемува долгот над дозволените 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Дејли клик на ТВ21“.
 
-Нема економски бенефит од задолжувањето од Унгарија, тоа е политичка одлука, договорена уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. И ова е една небулоза, затоа што се зголемува долгот а не станува збор за некаков економска корист од тоа за граѓаните. СДСМ и во услови на криза успешно менаџираше со буџетот и спроведе политики кои  подразбираа постојано покачување на платите, на минималната и просечна плата, зголемени пензии., рече Лукаревска.
Баравме заемот да оди по редовна постапка и да има јавна дебата, а јавноста да биде запознаена со сите информации но власта го донесе набрзина, во една скратена постапка и без дебата, додаде таа.
-Унгарскиот центар за управување со долг објави дека Унгарија зела една милијарда долг од кинеска банка. Ние не знаеме дали е разговарано и со нашите банки. Можеше да се обезбеди задолжување по далеку поповолни услови, рече Лукаревска.

 

20.09.2024 - 19:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега