Иванов:Бидете спокојни, се додека јас сум претседател, нема да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на државниот суверенитет“, рече Иванов.

Ние немаме резервна држава. Република Македонија е единствената држава што ја имаме. И немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на се уште неродените, на нашите деца и потомци.

Затоа, сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни.

Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив, порача Иванов.

 

 

 

01.03.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега