Граѓаните задоволни: Браво Претседателе, така се сака Македонија

Браво Претседателе, така се сака Македонија. Граѓаните со воодушевување ја примија одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов да не му го даде мандатот на Зоран Заев за формирање Влада. Според Иванов, Заев не може да го добие мандатот се додека не ја отфрли Тиранската платформа која ја договара со албанските политички партии.

„ Во согласност со Член 84 од Уставот на Република Македонија, јас нема да определам мандат за состав на Влада на Република Македонија на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзнинот суверенитет и независноста.

 Туѓи пост-изборни платформи не можат и не смеат да бидат основа за формирање на Влада на Република Македонија.“ – рече Иванов

На социјалните мрежи од сите страни пристигнуваат постови со поддршка за одлуката на Претседателот.

Против одлуката во најголем број се етничките Албанци кои не штедат вулгарности.

 

 

 

 

 

01.03.2017 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега