Груби се закани: Играте опасна игра

„Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборните програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација, ниту пак поделба на земјата.

Ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа, а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра“ - наиша Груби на Facebook.

 

 

 

01.03.2017 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега