Заев: Иванов изврши државен удар

Ѓорѓе Иванов, со одлуката да не го додели мандатот за состав на новата Влада, за што е обврзан според Уставот на Р.Македонија, изврши државен удар“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

zaev

„Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните и по државата.

 

Тој прави уставно – државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Р.Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта.

Со ваквото однесување, Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакам јавно да порачам, СДСМ и јас како претседател нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични, политички и криминални цели“, рече Заев.

 

 

 

01.03.2017 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега