Хаос во СДСМ: Членството и поддржувачите излегуваат на протести

Се повеќе членови и поддржувачи на СДСМ излегуваат на улиците и и се приклучуваат на иницијативата За Заедничка Македонија.
Од ден во ден, граѓаните кои на последните избори го поддржаа Заев и неговата програма на изборите ја прифаќаат својата грешка и се вклучуваат во борбата за заштита на националните интереси.
Тие веќе и пред камерите зборуваат дека ова што Заев го договара со Албанците не е она што им било ветено пред изборите.

„Јас сум поддржувач на СДСМ, гласав за нив, но ова што се случува сега не го поддржувам. Не сум за платформата. Ова е чиста глупост, значи јас сум 69 години и сум излажана од она што го кажуваше Заев. Ова е срам за Македонија“ рече една жена која вчера со знаме на СДСМ дојде на протестите во Охрид.

Состојбата со губењето на поддршката внатре во своите редови креира тензии на Бихаќка. Раководството на СДСМ со денови се обидува пред граѓаните да ја продаде тезата дека демонстрациите се одржуваат за да го спаселе Груевски од кривично гонење иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно порача дека е подготвен да биде затворен за македонските интереси.

Партиски извори велат дека на Бихаќка забрзано се креира стратегија како да се одвратат граѓаните од масовните протести кои од ден на ден добиваат со посилен интензитет.
Според истите извори, овие планови за сега остануваат без реализација со оглед на тоа што партиското раководство едноставно не може да најде аргументи со кои ќе ги брани своите позиции и потпишувањето на македонската капитулација пред албанските политички партии.

„Јас не ја сфаќам логиката на протестантите, сакам да ги видам кои се барањата и слично. Но она што го имам како лично чувство, а обично чувствата не ме лажат, е тоа дека сите тие што протестираат во суштина се изманипулирани наши граѓани, којшто вусшност го штитат Никола Груевски и бандата околу него, од појавување во судовите во Република Македонија“ – изјави вчера Заев додека пред неговото партиско седиште протестираа речи си 15.000 граѓани.

 

 

 

02.03.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега