Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката, соседите да покажат воздржаност

 

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска го повика претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање нова влада. Истовремено Бејли ги повика и соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на политичка чувствителност во земјата. - Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство, го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата - изјави Бејли во кусата изјава. САД, како што кажа Бејли, се разочарани од вчерашната одлука на претседателот Иванов, кој одби им да даде можност на претставниците што имаат јасно мнозинство да формираат нова влада. - Ова не е во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, кои се основни вредности и на НАТО - рече американскиот амбасадор. Исто така, тој потсети на ставот на Стејт департментот искажан во вторникот.

 

 

 

02.03.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега