Неколку дена ни трага ни глас - се изгубил додека планинарел во кавадаречко

Едно лице е изгубено по планинарење на врвот Орле во село Галиште во општина Кавадарци, јавува МВР. Според информациите пет лица тргнале на планинарење, а вчера се јавиле во полиција дека останале без храна и вода, изгубени во шумата. Уште пред два дена едно од лицата се одвоило од групата.
Веднаш била активирана екипата за специјални задачи на МВР и со хеликоптер, четирите лица биле евакуирани. Станува збор за лица на возраст од 19 до 33 години.  Петтото лице се уште е изгубено и полицијата трага по него.

 

 

 

02.03.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега