Спасовски одби да одговори: Дали ќе се менуваат парите и обележјата на полицијата
Револтот и незадоволството кои 3 дена 15.000 граѓани го изразуваат на скопските и уште десетици илјади низ улиците во градовите низ Македонија не се доволна причина за СДСМ да каже конечно што е тоа што е договорено со Албанците и дали се оправдани стравувањата на граѓаните дека се прават обиди за редефинирање на Македонија.
Генералниот секретар на партијата вчера на Телма, и покрај настојувањата на новинарот одбегна да одговори што е тоа што е договорено со ДУИ.
Спасовски кога остана без аргументи за да бега од одговорите, дрско и врати на новинарката дека негово право е да одговори како што смета дека треба
Интересно е што портпаролот на ДУИ Бујар Османи во повеќе наврати потврди дека со СДСМ е договорено да се менуваат парите како и обележјата на војската и полицијата.
Со молкот Спасовски индиректно ја потврди оваа информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа