Тешка сообраќајка во Крива Паланка: Три лица в болница

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила ноќеска во центарот на Крива Паланка.

Според податоците од МВР, рано изутрина околу 3 часот и 30 минути на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа во која учестувувало патничко моторно возило „Даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки сопственост нa Б.А од Крива Паланка.

Со возилото управувал Х.А. кој движејќи се по улицата „Св.Јоаким Осоговски“ во насока од т.н. Соларски мост кон Центар за култура, изгубил контрола, излетал од улицата и удрил во ѕид од сендвичарницата „Фауст“, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле возачот Х.А и неговите сопатници М.Ѓ. и Б.Г. од Крива Паланка.

По овластување од јавен обвинител увид извршила екипа на полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, а како што истакнаа од Минситерството за внатрешни работи се работи на утврдување на причините за несреќата. 

Повредените по интервенција на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствениот дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка.

 

 

 

02.03.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега