ЛДП:Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации
Либерално-демократската партија изразува загриженост за политичката и општествена состојба во Република Македонија, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот за формирање влада.
ЛДП смета дека во овој момент најважно од сѐ е граѓаните да не подлегнуваат на манипулации и поттикнување на насилство, ниту на политичка, ниту на етничка основа.
- Волјата на граѓаните искажана на 11-ти декември е јасна, а тоа е дека сакаат промена на власта. Затоа, повикуваме на присебност и ладни глави, бидејќи на Македонија и е потребен мир и економски развој, а не нови поделби и војни, наведуваат во соопштение од ЛДП
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа