Платформата е реалност и основа за формирањето на идната влада

Иако сдсмовските медиуми, но и дел од Албанците се обидуваат да ја протнат албанската платформа на мала врата, сепак низа изјави на самите албански политичари, како и лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите медиумски идеолози покажуваат дека платформата е ралност и основа за формирањето на идната влада.

Македонскиот народ и претседателот Иванов ја препознаа играта која се спроведува против македонската држва и токму поради тоа народот секојдневно масовно излегува на улиците да го искаже својот револт и да предупред  од катастрофалните последици доколку евентуално дојде до формриање на влада и спроведување на платформата направена во туѓа држава.

Јавноста добро ја памети изјавата на Ахмети веднаш по донесувањето на платформата, кога изјави дека или платформата од Тирана целосно че се прифати, или Влада во Македонија нема да има. Неговата десна рака во ДУИ, Артан Груби пред само два дена изјави дека платформата е прифатена од СДСМ и таа ќе се реализира.

-Знаете што е битно кај платформата, битно е што е прифатено и што ќе се реализира. Прифатена е од СДСМ, рече Груби.

 

 

 

02.03.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега