Изгоре возило во Кавадарци

Патничко моторно возило марка „Дачиа логан“ било опожарено синоќа околу 22 часот во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

- Возилото со кавадаречки регистарски ознаки ВЕ 716 КК било опожарено на улицата „Ѓорѓи Соколов" пред куќен број 107, посочија од полицијата.

Дополнително ќе биде утврдена причинетата материјална штета. Полицијата работи на расчистување на настанот.

 

 

 

03.03.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега