Драма во билетара на ЈСП во Скопје

Во 19 часот и 45 минути во Полицијата во Гази Баба, 59-годишната З.Л. од Скопје која била вработена во билетара на ЈСП, пријавила дека преживеала хорор. Полицијата информира дека во билетарата со број 15, насилник ја фатил жената која сакала да си замине од работа, ја турнал внатре и ја фатил за коса, па ја удрил со главата од вратата. Таа почнала да вика и да бара помош, по што соседите од станбените објекти во близина слушнале и ги вклучиле светлата, а сторителот избегал.

Полицијата го бара.

 

 

 

 

03.03.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега