Едно лице загина во несреќа во Скопје - полицијата со детали

53-годишниот И.Ш. од Скопје, управувајќи рачно изработена работна машина за сечење дрва, се превртел на патот, во сообраќајна незгода која се случила вчера, на локалниот пат за село Долно Блаце.

Несреќата се случила во 11 часот и 30 минути, а во незгодата загинал 77-годишниот Н.А. од село Блаце.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено во Институтот за Судска медицина за обдукција.

 

 

 

03.03.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега