Пожар кај студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Пожар избувна во сендвичара во студенстскиот дом „Стив Наумов“ во непосредна близина на Хемискиот факултет во Скопје, информира командантот на Противпожарната бригада на град Скопје, Ѕвонко Томески. За среќа веднаш е локализиран.

- Веднаш по избувнувањето на пожарот екипа на Противпожарната бригада составена од едно возило и пет пожарникари излезе на терен и за брзо време успеа да го локализира пожарот, изјави Томески за МИА.

Тој посочи дека екипи на Противпожарната брига денеска интервенирале на пет ликации во градот. Веќе е изгаснат и пожар во стан на 1 кат во зграда во Ѓорче Петров, а во моментов се уште се активни пожари на отворен простор во близина на селата Грчец и Ржаничино. 

 

 

 

05.03.2017 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега