Верижен судир кај Скопјанка

Три возила се судриле попладнево на булеварот Кузман Јосифовски Питу кај зградата на „Неоком“ во близина на ТЦ Скопјанка.

Од МВР за Курир велат дека сообраќајната несреќа кај нив е пријавена околу 14:50 часот.

Во истата учествувале два автомобили со скопски регистерски ознаки, Мини Морис и Шевролет Калос и Голф во тетовски таблички.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а полициски екипи вршат увид.

 

 

 

06.03.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега