Гореше автомобил на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово

Утрово  околу 03.30 часот во Тетово на ул. „Видое Смилевски-Бато“, од  непознати причини избувнал пожар во возилото марка „Пасат“ со струшки регистарски ознаки , сопственост 34-годишниот  С.К.  од Тетово. Од пожарот е изгорена задната десна страна од возилото, поточно делот покрај задното десно тркало, резервоарот за гориво и дел од задните седишта.

Пожарот е локализиран од екипа на Територијалната протипожарна единица Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

07.03.2017 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега