Македонската полиција на нозе: Три лица исчезнаа во ист ден

Две скопски семејства пријавиле три лица за исчезнати. Како што соопштуваат од МВР, вчера во 14 часот во Полицијата во Бит Пазар, 68-годишниот Н.З. од Скопје пријавил дека од непознати причини, во непознат правец се оддалечиле неговата сопруга, 44-годишната Н.З. и нивниот десетгодишен син.

И во 14 часот и 39 минути во полициската станица во  Аеродром, 26-годишниот скопјанец Н.В. пријавил дека вчера во 10 часот со возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат.

Се работи за 29-годишниот Н.С.од Скопје.

Полицијата трага по исчезнатите лица. 

 

 

 

07.03.2017 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега