Светецот кој ги исполнува желбите: Направете го ова и очекувајте да ви се врати со добро

Денеска е Св. свештеномаченик Поликарп Смирнски.

Свети Поликарп е една од најсветлите личности од поапостолското време. Живеел во првиот и вториот век и бил епископ на градот Смирна. Во 155 или 156 година во Смирна бил фрлен на ѕверовите некојси христијанин Германик, кој храбро ја дочекал својата смрт во арената. Неговата смрт не ја задоволила толпата и таа го побарала и Поликарп. По епископот бил испратен цел одред војска вооружена до заби, иако Поликарп веќе бил влезен во длабока старост. Тој не се противел и сам тргнал по војниците. Проконзулот го осудил како христијанин и наредил да биде изгорен. Пред да го зафати огнот, го погубиле со меч.

Тој се смета за заштитник на праведните и добри луѓе кои неправедно страдаат, не по своја вина. Се верува дека тој може да им ги оствари желбите, само доколку се искрени и добронамерни.

Се верува дека тој ќе помогне на секој кој денеска ќе оди во црква и ќе запали свеќа.

 

 

 

08.03.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега